6-8 години
9-12 години
13-17 години

Сакаш да дознаеш повеќе за твојата приватност на Google?

Дојде на вистинското место! Прочитај ги прашањата што децата најчесто ги поставуваат, како на пр., како може родителот да ти помогне со твоите работи на Google, кои податоци ги користи Google и друго.

Родители, информацииве важат само за сметки на Google управувани со Family Link, за деца на возраст под 13 години (или соодветната возраст во вашата земја). За повеќе детали, погледнете во Известувањето за приватност и Политиката за приватност.

Кој ја контролира мојата сметка?

Твојот родител ја контролира твојата сметка на Google. Како помош при управувањето, може да ја користи апликацијата наречена Family Link. Контрола над твојата сметка може да преземеш кога ќе потпораснеш.

Родителот може да ги прави следниве работи:

  • Најавување на твојата сметка, променување на лозинката за сметката или бришење на сметката.
  • Заклучување на твојот телефон или таблет.
  • Гледање каде е твојот телефон или таблет.
  • Избирање кои апликации може да ги користиш.
  • Гледање колку долго ги користиш твоите апликации.
  • Променување на работите што ги гледаш во некои апликации на Google, како на пр., „Пребарување на Google“, YouTube или Google Play.
  • Избирање на твоите „Контроли на активноста“. (Тоа се поставки што зачувуваат податоци за тоа што правиш со Google.)
  • Избирање поставки и дозволи за твоите апликации.
  • Избирање на името, датумот на раѓање и другите податоци за твојата сметка.
  • Избирање што може да преземаш или купуваш во некои производи на Google, како на пр., Google Play.

Како и зошто Google ги користи моите податоци?

Можно е да ги зачуваме податоците што ќе ни ги обезбедите ти или твојот родител, како на пр., твоите име и датум на раѓање. Податоци зачувуваме и кога ги користиш нашите апликации и сајтови. Напорно работиме да ги одржиме податоциве безбедни, а ги користиме за различни цели, како на пр., да ги направиме апликациите и сајтовите на Google покорисни.

Со твојот родител, дознај повеќе за некои од целите за коишто може да ги користиме твоите податоци:

  • Зголемување на функционалноста на нашите апликации и сајтови: на пример, ако пребараш „кученца“ на „Пребарување на Google“, ги користиме твоите податоци за да ти прикажеме работи за кученца.
  • Подобрување на нашите апликации и сајтови: на пример, ако нешто не функционира, ги користиме твоите податоци за да го решиме проблемот.
  • Заштита на Google, нашите корисници и јавноста: користиме податоци за поголема безбедност на луѓето онлајн.
  • Создавање нови апликации и сајтови: учиме како луѓето ги користат нашите тековни апликации и сајтови за да добиеме идеи за создавање нови работи на Google.
  • Прикажување работи што можеби ќе ти се допаднат: на пример, ако сакаш да гледаш видеа за животни на YouTube Kids, може да ти прикажеме повеќе видеа.
  • Прикажување реклами согласно работи, како на пр., сајтот којшто го прегледуваш.
  • Комуникација со тебе: на пример, може да ја користиме твојата адреса на е-пошта за да ти испраќаме пораки. Секогаш прашај родител пред да отвориш пораки од непознато лице.

Дали може да му кажам на Google што да зачувува?

Да, може да промениш некои од работите што ги зачувуваме за тебе. Ако извршиш промени на некои од твоите поставки за приватност, како на пр., „Контроли на активноста“, ќе го известиме твојот родител. И родителот може да ти помогне да ги промениш твоите поставки.

Ти и твојот родител секогаш може да ги прегледувате и да управувате со некои од податоците за тебе и твојата сметка на Google.

Дали Google некогаш ги споделува моите лични податоци со други?

Има неколку причини за да ги споделиме твоите лични податоци, како на пр., твоето име, надвор од Google. Ако споделиме вакви податоци, преземаме чекори за да бидеме сигурни дека се заштитени.

Можно е да споделиме некои лични податоци:

  • со твоите родител и семејна група на Google
  • со компаниите со коишто работиме
  • ако твојот родител ни дозволи
  • ако се јави потреба од правни причини

Кој друг може да види што споделувам онлајн?

Сите работи што ќе ги споделиш онлајн, како на пр., е-пораки или фотографии, може да ги видат голем број луѓе. Споделувај само со луѓе на коишто им веруваш. Ако се двоумиш, прашај родител или член на семејството.

Сакаш да дознаеш повеќе? Побарај од родителот да ти помогне при читањето на нашата Политика за приватност.

Сакаш да дознаеш повеќе за твојата приватност на Google?

Дојде на вистинското место! Тука може да дознаеш како Google ги прибира и користи податоците додека ги користиш нашите апликации и сајтови. Ќе дознаеш и како твојот родител може да ти помогне при управувањето со твоите сметка на Google и уреди.

Родители, информацииве важат само за сметки на Google управувани со Family Link, за деца на возраст под 13 години (или соодветната возраст во вашата земја). За повеќе детали, погледнете во Известувањето за приватност и Политиката за приватност.

Кој ја контролира мојата сметка?

Во моментов, твојот родител ја контролира твојата сметка на Google. Како помош при управувањето со твојата сметка, може да ја користи апликацијата наречена Family Link, сѐ додека не ја достигнеш соодветната возраст за да управуваш со неа самостојно.

Родителот може да ги прави следниве работи:

  • Најавување на твојата сметка, променување на лозинката за сметката или бришење на сметката.
  • Поставување ограничувања на тоа кога и колку може да ги користиш твоите уреди, како на пр., телефони или таблети.
  • Гледање каде е твојот телефон или таблет.
  • Избирање на апликациите што може да ги користиш.
  • Гледање колку долго ги користиш твоите апликации.
  • Управување со поставките за содржини за некои апликации и сајтови на Google, како на пр., „Пребарување на Google“, YouTube или Google Play. Поставкиве може да променат што гледаш.
  • Управување со „Контролите на активноста“ за твојата сметка, како на пр., „Историја на YouTube“, како и со поставката за блокирање лично да управуваш со контроливе.
  • Прегледување дозволи за апликациите на твојот телефон или таблет, како на пр., дали апликациите може да го користат твојот микрофон, камерата или контактите.
  • Гледање, променување или бришење на податоците за твојата сметка, како на пр., твоето име, полот или датумот на раѓање.
  • Одобрување на твоите преземања и купувања во некои апликации и сајтови на Google, како на пр., Google Play.

Како и зошто Google ги користи моите податоци?

Како и повеќето сајтови и апликации, ги прибираме податоците што ни ги давате ти или родителот, како на пр., твоите име и датумот на раѓање. Податоците ги прибираме додека ги користиш нашите апликации и сајтови. Напорно работиме да ги одржиме податоциве безбедни, а меѓу другото, ги користиме и за да ги направиме нашите производи покорисни за тебе. На пример, прибираме податоци за следниве работи:

  • Зголемување на функционалноста на нашите апликации и сајтови: на пример, ако пребараш „спорт“ на „Пребарување на Google“, ги користиме твоите податоци за да ти прикажеме работи за спорт.
  • Подобрување на нашите апликации и сајтови: на пример, ако нешто не функционира, ги користиме твоите податоци за да го решиме проблемот.
  • Заштита на Google, нашите корисници и јавноста: користиме податоци за поголема безбедност на луѓето онлајн, како на пр., откривање и спречување измама.
  • Создавање нови апликации и сајтови: учиме како луѓето ги користат нашите тековни апликации и сајтови за да добиеме идеи за создавање нови производи на Google.
  • Персонализирање податоци за тебе, што значи, прикажување работи што сметаме дека ќе ти се допаднат. На пример, ако сакаш да гледаш видеа за животни на YouTube Kids, може да ти препорачаме повеќе видеа за гледање.
  • Прикажување реклами согласно работи, како на пр., сајтот којшто го прегледуваш.
  • Комуникација со тебе: на пример, може да ја користиме твојата адреса на е-пошта за да ти испраќаме пораки, како на пр., ако се јави проблем со безбедност. Секогаш прашај родител пред да отвориш пораки од непознато лице.

Дали може да му кажам на Google што да зачувува?

Да, може да промениш некои од работите што ги зачувуваме за тебе. На пример, ако не сакаш да ја зачувуваме твојата „Историја на YouTube“ на твојата сметка на Google, може да исклучиш „Историја на YouTube“. Ако извршиш промени на некои од твоите поставки за приватност, како на пр., „Контроли на активноста“, ќе го известиме твојот родител. И родителот може да ти помогне да ги промениш твоите поставки.

Ти и твојот родител секогаш може да ги прегледувате и да управувате со некои од податоците за тебе и твојата сметка на Google.

Дали Google некогаш ги споделува моите лични податоци со други?

Има неколку причини за да ги споделиме твоите лични податоци, како на пр., името и адресата на е-пошта, надвор од Google. Ако споделиме вакви податоци, преземаме чекори за да бидеме сигурни дека се заштитени.

Можно е да споделиме лични податоци:

  • со твоите родител и семејна група на Google
  • со компаниите со коишто работиме
  • ако твојот родител ни дозволи
  • ако се јави потреба од правни причини

Кој друг може да види што споделувам онлајн?

Сите работи што ќе ги споделиш онлајн, како на пр., е-пораки или фотографии, може да ги видат голем број луѓе. Штом нешто ќе се сподели онлајн, многу е тешко да се отстрани. Споделувај само со луѓе на коишто им веруваш. Ако се двоумиш, прашај родител или член на семејството.

Сакаш да дознаеш повеќе? Побарај од родителот да ти помогне при читањето на нашата Политика за приватност.

Сакаш да дознаеш повеќе за твојата приватност на Google?

Тука може да дознаеш како Google ги прибира и користи податоците додека ги користиш нашите апликации и сајтови. Ќе дознаеш и како твојот родител може да ти помогне при управувањето со твоите сметка на Google и уреди.

Информацииве важат само за сметки на Google управувани со Family Link, за деца и тинејџери на возраст под минималната старосна граница за управување со своја сопствена сметка. За повеќе информации, погледни во Известувањето за приватност и Политиката за приватност.

Дали мојот родител може да ми помогне при управувањето со мојата сметка?

Твојот родител може да користи апликација наречена Family Link за да помага при управување аспекти од твојата сметка на Google. Зависно од уредот, може да ги прави следниве работи:

  • Најавување на твојата сметка, променување на лозинката за сметката или бришење на сметката.
  • Поставување ограничувања на тоа колку и кога може да ги користиш твоите уреди.
  • Гледање на локацијата на твоите најавени и активни уреди.
  • Управување со твоите апликации и гледање колку ги користиш.
  • Управување со поставките за содржини за некои апликации и сајтови на Google, како на пр., „Пребарување на Google“, YouTube или Google Play. Поставкиве може да променат што гледаш.
  • Управување со „Контролите на активноста“ за твојата сметка, како на пр., „Историја на YouTube“, како и со поставката за блокирање лично да управуваш со контроливе.
  • Прегледување дозволи за апликациите на твојот уред, како на пр., дали апликациите може да го користат твојот микрофон, камерата или контактите.
  • Гледање, променување или бришење на податоците за твојата сметка, како на пр., твоето име, полот или датумот на раѓање.
  • Одобрување на твоите преземања и купувања во некои апликации и сајтови на Google, како на пр., Google Play.

Како и зошто Google ги прибира и користи моите податоци?

Како и повеќето сајтови и апликации, ги прибираме податоците што ни ги давате ти или родителот, како на пр., твоите име и датумот на раѓање. Податоците ги прибираме додека ги користиш нашите апликации и сајтови. Напорно работиме да ги одржиме податоциве безбедни, а меѓу другото, ги користиме и за да ги направиме нашите производи покорисни за тебе. На пример, прибираме податоци за следниве работи:

  • Заштита на Google, нашите корисници и јавноста: користиме податоци за поголема безбедност на луѓето онлајн, како на пр., откривање и спречување измама.
  • Обезбедување на нашите услуги: користиме податоци за да ги обезбедиме нашите услуги, како на пр., обработка на поимите што ги пребаруваш за да добиеш резултати.
  • Одржување и подобрување на нашите услуги: на пример, може да следиме кога нашите производи ќе престанат да функционираат според очекувањата. Покрај тоа, разбирањето кои поими за пребарување најчесто се пишуваат со правописни грешки ни помага да ги подобриме функциите за проверка на правопис што се користат на нашите услуги.
  • Создавање нови услуги: податоците ни помагаат да создадеме нови услуги. На пример, разбирањето како луѓето ги организираа своите фотографии во првата апликација за фотографии на Google, Picasa, ни помогна да ја дизајнираме и стартуваме „Фотографии на Google“.
  • Персонализирање содржини, што значи, прикажување работи што сметаме дека ќе ти се допаднат. На пример, ако сакаш да гледаш видеа за спорт на YouTube, може да ти препорачаме повеќе видеа за гледање.
  • Прикажување реклами согласно податоци, како на пр., сајтот којшто го прегледуваш, внесените поими за пребарување или твоите град и држава.
  • Мерење изведба: користиме податоци за да ја измериме изведбата и да разбереме како се користат нашите услуги.
  • Комуникација со тебе: на пример, може да ја користиме твојата адреса на е-пошта за да ти испратиме известување ако откриеме сомнителна активност.

Како може да одлучам што да зачувува Google?

Со твоите поставки, може да ги ограничиш податоците што ги прибираме и како ги користиме. На пример, ако не сакаш да ја зачувуваме твојата „Историја на YouTube“ на твојата сметка на Google, може да исклучиш „Историја на YouTube“. Твојот родител ќе добие известување ако извршиш промени во твоите „Контроли на активноста“. Дознај повеќе за твоите поставки за приватност

Секогаш може да ги прегледуваш и да управуваш со некои од податоците за тебе и твојата сметка на Google.

Дали Google некогаш ги споделува моите лични податоци со други?

Твоите лични податоци не ги споделуваме со компании, организации или поединци надвор од Google, освен во ограничени случаи, како на пр., кога сме правно обврзани да го направиме тоа. Ако споделиме вакви податоци, преземаме чекори за да бидеме сигурни дека се заштитени.

Можно е да споделиме некои лични податоци:

  • со твоите родител и семејна група на Google.
  • ​​кога ти и твојот родител ќе ни дозволите или кога постојат правни причини за тоа. Ќе споделиме лични податоци надвор од Google ако сметаме дека тоа е неопходно во следниве ситуации:
  • Придржување до сите важечки закони, прописи, правни постапки или применливи владини барања.
  • Спроведување на важечките „Услови за користење“ и истражување можни прекршоци.
  • Откривање, спречување или справување на друг начин со измами, безбедносни или технички проблеми.
  • Заштита на правата, имотот или безбедноста на Google, на нашите корисници или на јавноста, кога е законски наложено или дозволено.
  • за надворешна обработка. Обезбедуваме лични податоци на компаниите со коишто работиме за обработка на податоци согласно упатствата што ќе им ги дадеме. На пример, користиме надворешни компании како помош при обезбедување поддршка на корисници, па треба да споделиме лични податоци со компанијата за да може да одговори на прашањата од корисниците.

Кој друг може да ги види работите што ги споделувам, како на пр., фотографии, е-пошта и документи?

Може да избереш да споделуваш конкретни содржини со други луѓе на апликациите и сајтовите на Google што ги користиш.

Не заборавај дека кога ќе споделиш, можно е други луѓе да споделат повторно, дури и на апликации и сајтови надвор од Google.

Твоите сопствени содржини може да ги избришеш од твојата сметка во секое време, но со тоа нема да се избришат копиите што се веќе споделени.

Внимавај што споделуваш и споделувај само со луѓе на коишто им веруваш.

За да дознаеш повеќе за темиве, секогаш може да погледнеш во нашата Политика за приватност.